| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Двајца повредени во пукотници во супермаркет

Две лица се повредени и се наоѓаат во критична состојба откако едно лице пукало во супермаркет во гратче западно од Париз.

Полицијата ја опколи зградата каде осомничениот се засолнил во градот Порт Марли. Според информациите, во нападот повредени се 73-годишен маж и 57-годишна жена.

Напаѓачот и е познат на полицијата поради своето насилно однесување, пренесуваат француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top