| четврток, 6 декември 2018 |

Потенцијалот за инвестирање во македонската медицина претставен во Мериленд

ino

Македонскиот амбасадор во САД Васко Наумовски учествуваше во презентирањето на потенцијалот за инвестирање во Македонија на деветт­иот саем на медицината во американската сојузна држава Мериленд.

На саемот учествуваа стотици американски компании од областа на фармацијата, менаџмент со клиники, осигурителни компании и компании за здравствен туризам. ­

-На овој конгрес ги претставивме можностите за инвестирање во областа на здравството и здравствениот туризам во Република Македонија. Настанот го искористивме за средби со претставници на повеќе клиники, осигурителни компании и туроператори коишто работат во областа на медицинскиот туризам. На наше задоволство сето она што го претставивме беше позитивно прифатено од нашите соговорници и веруваме дека многу од нив сериозно ќе ја разгледаат Република Македонија како дестинација за едно од нивните идни инвестиции- изјави амбасадорот Наумовски за Македонската Телевизија.

Покрај американските компании, на саемот биле присутни и претставници на фирми од Европа, Африка и Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top