Практикувањето на медицината во минатото денес можеме да ја споредиме со „вуду-магија“ или со „вештерски“ работи. Може само да се смееме или да се чудиме на нашите предци и нивните бизарни медицински верувања и нивните бизарни лекови.Во ренесансната Европа, на пример се верувало дека јадењето на човечко месо помага во олеснување на симптомите на многу болести, од епилепсија до мачнини и настинки.
Еве некои од нивните налудничави медицински верувања
Крв од лилјаци го враќа видот
Влажната клима околу реката Нил, како и нехигиената, влијаело на чести случаи на очни инфекции кај старите Египќани, а една од последиците било слепилото. За да се изборат со тоа, осмислиле интересен лек, да капнуваат во своите очи крв од лилјаци. Колку и да звучи лудо, идејата не им била толку нелогична, затоа што се сметало дека овие животни одлично гледаат во темница.
Секс со девица лечи сифилис
Во 16-иот век сифилисот претставувал голем проблем во цела Европа. Откако воочиле дека се пренесува преку сексуален контакт, почнале да веруваат дека „девствената чистота“ може да биде некој вид на лек. Така во раниот 19-ти век девиците биле најбарани и тоа од медицински причини, но проблемот е што таа медота доприлена уште поголемо ширење на болеста.
Канибализам како универзален лек
Во ренесанска Европа се верувало дека јадењето на човечко место помага во олесување на симптомите на многу болести. Постојат и многу сочувани рецепти за припрема на напиток од човечка крв, а се верува дека европскиот канибализам потекнува од древните Грци и Римјани. Прво јаделе прав од украдени египетски мумии, потоа тела на умрени просјаци, а подоцна и прав од мелен череп.
Жените имаат движечка матка
Верувањето дека матката се движи низ утробата потекнува од старите Грци, кои сметале дека таа патува следејќи ги добрите мириси, а бега од лошите мириси. Тие движења на матката наводно предизвикувале физички и емоционални тегоби кај жените, вклучувајќи и хистерија. Симптомите на хистерија биле поспаност, главоболка и вртоглавица, а решение за проблемот било да се вметнат миризливи вагитории или буткање на матката надоле така што би голтнале нешто со лош мирис, вклучувајќи и измет.
Пајакова мрежа против маларија
Пред неколку стотини години, маларијата имала висока стапка на смртност и немале некој ефикасен лек. Еден од почуларните лекови било јадење на пајакова мрежа која почнале да ја пакуваат како таблети. Освен мрежа во таблетите не ретко имало и по некој пајак. После откривањето на делотворноста на кининот, пајаковата мрежа повеќе не ја користеле како лек.
Пушењето лечи астма и рак
По доаѓањето во Америка, Европјаните го откриле тутунот кој што го пушеле домородците во текот на верските обреди. Тутунот од однеле и во Европа, а до средината на 16-тиот век верувале дека пушењето лечи разни болести, а лекарот Николас Монардес тврдел дека пушењето лечи астма и рак, а тоа верување траело дури до 1920 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.