Германија планира секоја година да прима по 6.000 бегалци од Грција заради регистрираниот застој во реализацијата на европската програма за релокација, пишува германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.
Ист број бегалци Германија планира секоја година да прима и од Италија.
Непримената на европската програма за релокација на околу 160.000 бегалци од Грција и Италија во други држави од ЕУ, се чини, ја принудува Германија да преземе иницијативи за помагање на овие две медитерански земји, кои се исклучително многу оптоварени од растечкиот бегалски прилив, смета весникот.
Извори во германското Министерство за надворешни работи за „Велт ам Зонтаг“ изјавиле дека планот предвидувал Германија годишно да прима по шест илјади бегалци од Грција и од Италија, односно по 500 бегалци на месец од секоја од двете земји, а целта е на овој начин повторно да се соберат разделените бегалски семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.