Во центарот на мноштвото информации околу разводот од Бред Пит, со кој мина 12 години, Анџелина Џоли, наводно, утехапронашла во стар пријател. Како што пишува „Сан“, станува збор за Џони Деп, кој и самиот мина низ прилично бурен развод од манекенката Амбер Херд.
Џоли и Деп, наводно, се во контакт од 2010 година, кога заедно го снимале филмот „Турист“, а, како што наведува овој британски таблоид, актерот во моментов ѝ е голема поддршка. Со негова помош ја одбрала и адвокатката што ќе ја застапува во бракоразводната парница, Лаура Васер, која го застапувала и него.
Нивните пријатели велат дека станале толку блиски што веќе им предивидуваат заедничка иднина.
Амбер Херд пролетва оваа година побара забрана за пристап на Деп, кој, како што тврдеше, брутално ја претепал, а, наводно, тоа го правел повеќе пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.