Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, потврди МВР.
Од СВР Куманово за „Република“ велат дела сѐ уште не е познат ни идентитетот, ни возраста на пронајденото мртво лице. На местото на настанот увид вршат екипи на крим-техника од МВР, јавното обвинителство и судска медицина.
Увидот е во тек, пристапот до местото е забранет, а влезот и излезот од зградата контролирани.
Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово е пријавен во 7.35 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата