| четврток, 6 декември 2018 |

Билиќ: Загрижен сум, мора да се кренеме и напорно да работиме

slaven-bilic-622670

Екипата на Вест Хем е бледа сенка од минатата сезона, а лошите резултати во серија го затресоа и менаџерското столче на Славен Билиќ.

„Чеканите“ минатата сезона ја завршија на седмата позиција со само четири бода помалку од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, додека пак во оваа кампања запишаа пет порази во шест натпревари од кои последниот денеска од Саутемптон со 0:3.

– Многу е тешко да се поднесат последните порази. Нема да лажам, навистина сум загрижен. Што можеме да направиме?  Мора да се кренеме и напорно да работиме, истакнал Билиќ и додал:

– Се што беше добро минатата сезона сега не функционира. Се што беше просечно лани сега е лошо, мора да признаеме и поради ова губиме, посочил хрватскиот стручњак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top