Претседателот на Република Српска, Мирослав Додик го прогласи референдумот за успешен. Oд Пале тој порача дека Р. Српска е држава.
– Овде се почна и овде мора да биде одбележано. Далечната 1992 година бев еден од тие кои одлучуваа за тоа како да се направи република. Јас сум сведок на тоа. Во ноември 1991 година во Сараево, донесовме одлука и формиравме Српска република, а овде на Пале на 9 јануари 1992 година е формирана Република Српска, пред војните, пред страдањата.
– Никој, никогаш во историјата на овој народ тој факт нема да го избрише, ниту тоа може да го направи Бакир Изетбеговиќ , ниту било кој од светски мешетари кои сакаат да не нема, а почнаа со тоа што сакаа да ни го укинат Денот на Републиката и да ни кажуваат дека РС не е она што нејзиниот народ го чувствува туку нешто тие што замислиле, рече Додик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)