| четврток, 6 декември 2018 |

Се роди бебе со 31 прст – Ќе му требаат неколку операции за да може да оди (Видео)

 

Бебето кое се роди во јануари со 15 прсти на рацете и 16 на нозете наскоро ќе ги добие потребните операции. И мајката на ова дете има по еден прст вишок на двете раце, што делумно ја објаснува оваа аномалија која се јавила и кај бебето.

Оваа жена од Кина и за време на бременоста била загрижена за нејзинот дете, а сега докторите велат дека неговиот проблем е и тоа како потежок од оној на мајката затоа што прстите на нозете влијаат на неговата сопсобност да оди. Се додека не се направат потребните корекции, детето тешко дека ќе може да прооди, проденуваат лекарите.

prsti-noge

Ваква аномалија се јавува на секое илјадито родено бебе, но случаи кои се сериозни до овој степен се ретки.

Една од болниците во која се обратиле очајните родители им понудиле попуст за операциите чии трошоци би чинеле 67 000 евра.

Тие ќе треба да отсечат дел од прстите, а останатите да ги обликуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top