| четврток, 6 декември 2018 |

Саутемптон го разби тимот на Вест Хем, расте притисокот над Славен Билиќ

sautempton

Саутемптон во денешниот единствен натпревар од англиската премиер лига го порази Вест Хем со уверлива победа од 3:0 и го зголеми притисокот над поранешниот селектор на Хрватска Славен Билиќ, за кого се најавува отказ.

Остин, Тадиќ и Вард Проуз беа стрелци на головите, за втора победа во низа на „светците“ од Саутемптон. Тие играат се подобро, а темни облаци стасаа во Лондон, во таборот на Вест Хем.

Екипа која лани беше хит во Премиерлигата, во новата сезона игра катастрофално и има пет порази во шест кола. Патем, избраниците на Билиќ беа елиминирани во квалификациите за настап во Европа Лигата од романска Астра, па се повеќе се зборува за отказ на Хрватот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top