Славната актерка Анџелина Џоли долго време го планирала разводот со Бред Пит, па иако на јавноста и дојде како шок, таа се одлучила за овој потег долго пред инцидентот помеѓу Бред и нивните деца. Џоли по се изгледа од пред извесно време го планирала разводот од Бред, бидејќи таа изнајмила луксузна вила во Mалибу неколку недели пред да ги предаде документите за развод.
Барањето за развод го поднела на 19 септември, а вилата ја изнајмила неколку недели пред тоа за 95.000 долари месечно. Имотот инаку вреди 12 милиони долари, а Анџелина во моментот таму живее со шесте деца.
Актеркатa ја одбрала оваа куќа затоа што му нуди на нејзиното семејство приватност бидејќи е оградена, а Анџелина поставила дури и чувари на влезот. Од куќата воопшто не излегува, туку сите работи за неа ги извршува нејзината лична асистентка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.