Езџан Алиоски игра во неверојатна форма откако одлично се пронајде во улогата на офанзивен играч за врска, но она што е многу поимпресивно во врска со македонскиот репрезентативец е фактот што непрестано ги тресе мрежите во Швајцарија каде со новиот гол сега изби прв на листата на најдобри стрелци.
Тун и Лугано ги поделија бодовите во натпреварот кој се одигра ова попладне, а еден од стрелците беше токму Алиоски кој со паметен потег и помош на соиграчите успеа да го надмудри противничкиот голман од прекин. За Македонецот, ова е седми сезонски гол во швајцарската фудбалска Суперлига, со кој сега изби на чело на листата на најдобри голгетери во друштво на Бразилецот Чајо од Грасхоперс.
Погодокот на Алиоски во ремито на Лугано на гостувањето во Тун погледнете го на 2:00 од видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)