| четврток, 6 декември 2018 |

„Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша не успеа да го понижи, Христијан од Кичево оди понатаму (ВИДЕО)

 

Првиот Македонец кој се појави во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“и кој успешно го помина првиот круг од натпреварот е Христијан Тришоски од Кичево. 24-годишниот школуван музичар и наставник имаше обид во истото шоу пред две години, но не успеа да се пласира понатаму. За среќа, оваа година му тргна добро на нашиот млад талент.

Тој во првата емисија се претстави со две песни од Здравко Чолиќ: „Као моја мати„ и „Звао сам је Емили“. Со недоволен број на гласови, не успеа директно да се пласира во вториот круг, но затоа успешно го помина баражот и веќе за неколку седмици ќе го гледаме повторно со нова интерпретација.

Јелена Карлеуша беше најгласна во коментарите кон нашиот кандидат. Најпрвин побара од него да се оддалечи од неа затоа што се чувствува непријатно од неговото пеење.

HristijanTrisoskiprvkrug3

– Ти имаш моќен глас, можеби во некои моменти и премоќен за мој вкус. Твојот опсег е неверојатен, и ретко кој го има и го покажува така на оваа сцена. Проблемот е што тој раскошен глас и опсег мора да се контролира. Ти си како некој груб дијамант кој мора да се исконтролира – искоментира турбо фолк пејачката Карлеуша. Таа се обиде и да се пошегува со нашиот кандидат во врска со македонскиот јазик и неговото музичко познавање, но Христијан успеа воспитано и прецизно да ѝ одговри на провокациите.

 

HristijanTrisoskiprvkrug2

Кон нејзиниот коментар за канализирање на неговиот вокал се придружиja Марија Шерифовиќ, Босанац и Аца Лукас, за кого Христијан одбрал песни кои се надвор од неговите можности.

– Катастрофално влезе и излезе од „Звао сам је Емили“, мора да избираш полесни песни. Класичен пример како талентирано момче со моќен глас избира вакви тешки песни. Мене ова ми беше трагично – искоментира Аца.

Како изгледаше неговиот настап и зошто Христијан се пласираше понатаму, погледнете од следново видео.

HristijanTrisoskiprvkrug1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top