Од викендов стартуваше новата сезона на популарното музичко детско шоу „Пинкови ѕвездички“.
Македонија и оваа година има свои претставници, односно претставнички, 13-годишната скопјанка Мина Блажев и 12-годишната Александра Трајческа од Прилеп.
Мина ја отпеа песната „It’s a man’s man’s world“ и ги доби сите пет столчиња и пофалби од жирито.
-Многу професионално и доста зрело. Браво, секоја чест! Ова ќе биде супер дружење со тебе, едвај чекам да видам што уште си подготвила, оцени Сале Цветковиќ.
-Имаш голема наклонетост од сите нас! Што ви рекол Хари „мислам, ако споредуваме со претходните, ова не е петка туку десетка“, ете. Тоа беше чиста десетка, кажа Гоца Тржан.
-Беше фантастично, феноменално, вредно за воодушевување. Ѝ благодарам Македонија за ваквите таленти, кажа Јелена Томашевиќ.
Водителката и децата, како што кажа самата Мина, забележале дека многу личи на преубавата Мартија од Куманово, кој лани влезе во финалето на „Пинковите ѕвездички“ и го освои второто место.
Но, освен што ја поврзуваат со талентираната Мартија Станојковиќ , Мина е крво поврзана со уште една пејачка ѕвезда, Владимир Блажев – Панчо.
Познатиот пејач не ја криеше среќата и јавно ја сподели гордоста што ја има Мина во семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)