| четврток, 6 декември 2018 |

Семеен хорор: Пијан штипјанец слушал гласна музика додека му горела куќата

Дваесет и пет годишниот Д.Д. од Штип вчера преживеал вистински хорор откако неговиот татко, С.Д. (48), се обидел да го нападне попладнето околу 18 часот.

Семејниот инцидент се случил најпрво во куќата кога по расправија, таткото земал ножи почнал да го брка синот кој успеал да избега. Потоа таткото се вратил во куќата, го запалил троседот, скршил шише и се расекол со ножот кој го имал.

Но, тука драмата не завршила. Синот кој подоцна се вратил во куќата околу 21:15 часот пријавил во полиција дека неговиот татко запалил две фотелји во дворот од семејната куќа, пуштал гласна музика и викал.

По пријавата полицијата излегла на лице место и го забележала С.Д. како седи во автомобилот слушајќи гласно музика. Штипјанецот видно под дејство на алкохол се оглушил на наредбите на полициските службеници по што бил приведен и задржан во полициска станица до отрезнување. Од извршеното алкотестирање било утврдено дека таткото имал 2,66 промили алкохол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top