Страшна железничка несреќа вчера ја потресе Македонија. Возот кој сообраќа на релацијата Битола-Скопје, удри во такси возило, а од силината на ударот возилото било влечено 300 метри по шините. За жал, возачот починал на самото место.
Се работи за 56-годишниот Гоце К. кој бил поранешен дописник на Нова Македонија и Утрински весник, кој во последните десетина години работел како таксист.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.
фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.