| четврток, 6 декември 2018 |

Талески му ја донесе првата победа на Металург во ЛШ

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, стартуваше со победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар, во ВИП Арената, го совладаа норвешкиот шампион Елверум со 18:17 (8:7)

Победата на Металург му ја донесе Филип Талески, кој го одигра можеби мечот на кариерата, постигнувајќи 13 гола, скоро три четвртини од вкупниот број на голови на Металург на овој дуел. Но, најважно од се е тоа што погоди за победа во последната секунда од натпреварот.

Следниот предизвик на Металург во рамки на Лигата на шампионите е следната сабота, кога нашиот претставник му гостува на Татран Прешов во Словачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top