– За стабилноста и иднината на македонската држава важно е ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници. Со своите дејстувања СЈО единствено што може е да направи да после изборите имаме обид за коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА нешто што го гледавме во февруари и март месец и да е испорача двојазичост на Република Македонија. Рамковен договор, надграден и проширен во нова и уште поголема рамка. Рамковен договор кој ќе значи федерализација на Република Македонија, територијализирање на федерацијата и таа федерација која може да доведе во општините Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кичево, Тетово да нема команди на македонски јазик, односно да има двојазичност и да се даваат исклучиво на албански јазик. Немаме ништо против албанскиот јазик, тоа е многу убаво регулирано во Рамковниот договор, но доколку ВМРО-ДПМНЕ благодарение на активностите на СЈО нема 62 пратеници, тогаш ќе имаме сосема друга ситуација во македонската држава, вели Ѓорчев.
Во рамки на тридневната собраниската расправа, Јанева не даде ниту еден конктретен одговор на прашањата на пратениците. Патениците жестоко реагираа и на нејзините конфузни изјави дека во досега прелсушаните материјали нема ниту еден разговор на опозицискиот лидер Зоран Заев, а подоцна рече дека разговорите на Заев не се битни за работењето на Специјалното обвинителство.
-Што се однесува да покренеме истрага против градоначалникот на Струмица, досега одговорно тврдам на тие 12 % раговори кои ги преслушавме, нема разговори од градоначалникот. Нема!, одговори Катица Јанева.
Ден потоа, истата Катица Јанева, на истото прашање, даде целосно различен одговор. Таа денес призна дека вчера излажала и дека Зоран Заев го има во 12-те % од досега преслушаните разговори.
-Во тие 12% кои ги преслушавме реков дека Зоран Заев не е преслушан за некој тендер или слично, не значи дека не се слуша во некој дел од разговорите, се поби Катица Јанева.
Специјалната обвинителка повторно не сакаше да го образложи финансискиот дел од извештајот, ниту каде се потрошени повеќе од 60 милиони денари во изминатите 6 месеци. Пред пратениците Јанева призна дека за најголемиот дел од отворените предмети Специјалното обвинителство нема докази.
Пратеникот Крсто Мукоски реплицирајќи ѝ на Катица Јанева ја праша како и на кој начин денес Зоран Верушевски е на слобода ако Јанева како што кажува била саботирана од судовите во Република Македонија.
– Над 75% од граѓаните не ја одобруваат вашата работа и не ве поддржуваат, затоа што вие си игратге мајтап со граѓаните, требаше да ја решите најголемата политичка криза – а до денес ни извешта не поднесувате, нити вистината не ја кажувате. Требаше да откриете кој и зошто прислушувал, не го направивте тоа. Вие досега направивте филмски спектакли, непосредни договори до Зоран Заев да ги објавува вашите прес конференции, правевте смешки и навистина ве жалам, иако и јас ве гласав, рече Мукоски на собраниската расправа по извештајот на СЈО кој Катица Јанева не го поднесе во целосен формат.
Најголемиот дел од пратениците жестоко реагираа и на изјавата на Јанева дека за нејзе Собранието е нелегитимно, а во исто време од пратениците побара преку законски измени да и го продолжат мандатот. Со ваквата изјава на Јанева се согласија единствено пратениците од опозицијата.
Катица Јанева од Собранието побара целосно да се укине членот 22 од Законот за Специјално обвинителство, односно нејзиниот тим да нема времески рок во кој ќе треба да ги заврши истрагите и да ги покрене обвиненијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)