| четврток, 6 декември 2018 |

Металург против Елверум ја отвора сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург со денешниот меч против составот на Елверум ќе ја отворат новата сезона на македонските претставници во Лигата на шампионите.

Дуелот кој е во рамките од Ц групата ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Во оваа група вчера екипите на Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа без победник 28:28. Утре ќе играат Монпелје – Татран Прешов.

Македонскиот шампион Вардар својот прв меч ќе го игра утре во Шведска каде ќе му гостува на Кристијанштад во меч од Б групата во која црвено-црните за противници ќе ги имаат и екипите на: Мешков Брест, Киелце, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб, ПИК Сегед и Ранј Некар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top