Дваесет и девет лица беа повредени во експлозијата која пред неколку дена одекна во Њујорк. Експлозија, исто така, имаше и во Њу Џерси, а во врска со двата случаи бил уапсен 28-годишниот Ахмад Кан Рахами, со потекло од Авганистан.
На интернет се појави нова снимка од експлозијата во Њујорк на која е прикажан моментот на нападот. Луѓето безгрижно шетале, кога наеднаш одекнал силен удар.
Безбедносните камери на улиците го забележале моментот кога експлозијата го потресла овој дел од градот, а минувачите се разбегале на сите страни кога сфатиле дека се случува нешто чудно.
На снимката е забележен и еден маж во инвалидска количка, кој останал заробен во моментот на ударот.
Да потсетиме, Рахами е осомничен за учество во три инциденти во текот на викендот. Експлозијата на бомба покрај патот по кој трчале учесниците на добротворната трка во саботата наутро во Сисајд Парк во Њу Џерси, експлозијата на бомба во Њујорк кога биле повредени 29 лица, и поставувањето на експлозив во градот Елизабет во Њу Џерси во неделата навечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)