| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пат пред јавноста: Дрон ја снимил златната база на скиентолозите, еве што се крие таму

Неверојатна снимка од големата “Златна база” на Скиентолошката црква за прв пат се појавила на интернет.
Оваа база во Калифорнија претставува меѓународен управен центар на Црквата која внимателно се крие од очите на јавноста. Ја снимил Тони Ортега, новинар кој ги следи приказните за скиентолозите уште од 1995. година, и тоа со помош на 4К камера монтирана на дрон.

Снимката ја анализирал Том Девохт, човек кој неколку години работел во базата. Тој за веб страната на Ортега раскажал дека најважно место во овој комплекс е таканаречената Зграда 50. Во неа се наоѓа Религиозниот технолошки центар и канцеларијата на лидерот Дејвид Мискевиџ.

sientoloska-crkva-baza-kali-02

Девохт рекол дека во близина на Зградата 50, чија изградба чинела речиси 47 милиони долари, се наоѓа гаража со автомобилите не Мискевиџ и дека истата е окружена со ретки дрвја, од кои секое чини најмалку 10.000 долари. Комплексот има и сопствена електрана која ги снабдува сите згради со струја.

Девохт открил и интересни информации за нови станбени згради на комплексот, наречени “Привезоци”. Тој раскажал дека бил екскомунициран од црквата затоа што одбил да ја заврши нејзината изградба, бидејќи наводно дознал дека Мискевиџ во неа планирал да ги заклучува непослушните членови на црквата.

Во близина на зградите има и посебна теретана која ја користат само Мискевиџ и Том Круз.

Друга значајна градба во комплексот е Бони Вју, која го добила името по стариот имот кој се наоѓал таму, пред црквата да го купи. Л. Рон Хабард сакал да живее на тој имот, но Мискевиџ ја урнал старата куќа и изградил нова и поголема.

Девохт раскажал дека тоа место е практично музеј на животот на Хабард. Таа е окружена со мали згради кои ги користат членовите, како што е Том Круз.

Тој тврди дека на имотот се наоѓаат две згради со бели кровови во кои Мискевиџ држел 80 луѓе во затвор неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top