Мрежата на културни институции ЕУНИК-Скопје, чии членови се Францускиот институт во Скопје, Британскиот совет и Институтот Данте Алигиери, има чест да ве извести дека в понеделник, 26 септември 2016, во 10 часот, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (Сала за седници), ќе биде одбележан Европскиот ден на јазиците.
Настанот ќе го отворат г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Претседател на ЕУНИК-Скопје, проф. Анета Дучевска, Декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, и Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија.
Предвидени се и предавања на експерти во областа на лингвистиката од Британскиот Совет,Универзитетската агенција на Франкофонијата и Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција, претставување на отворени обрзаовни ресурси за учење на бесплатно учење на странски јазици, претставување и доделување на наградата Вавилон за млади преведувачи и и интерактивен дел со повеќејазично учество на студентите.
Настанот е организиран од мрежата EUNIC-Skopje, дел од мрежата на национални културни институти кои имаат за цел преку своите активности да дадат придонес во културната разновидност во и надвор од Европската унија, како и да го зацврстат културниот дијалог и размени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Деца со Даунов синдром играат во претставата „И јас можам да бидам балерина“ (видео)
-
Артан Груби ги избришал Африм Гаши и Зијадин Села од листата на гласови?!
-
Милошоски: Со истрајност и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија гласање на неуставниот Закон за јазици
-
Дулови: СДСМ пружа отпор за законот за јазиците, за да не изгуби гласови на локалните избори