Начeлно во однос на договорот за законот за јазиците што го имаат постигнато ДУИ и СДСМ се чувствува дека од страна на СДСМ постои отпор истиот да биде изгласан пред почетокот на локалните избори, веројатно калкуираат да не загубат гласови на локалните, а истовремено албанските партии чувствуваат притисок од албанските гласачи да го испорачаат законот пред почетокот на локалните избори, смета новинарот од Коха, Лирим Дулови во однос на употребата на Законот за јазиците.
Тој вели дека содржината на Законот се чува во тајност и се заснова на шпекулации, меѓутоа открива дека деновиве се одвиваат интензивни разговори.
-Во ваква ситуација би имале придобивка повеќе СДСМ и БЕСА. Деновиве се одвиваат интензивни разговори. Дури излезе опција што ја понудил Хан дека предлог законот треба да помине претходно пред Венецијанска комисија за што би биле потребни дополнителни минимум три месеци. Ситуацијата е комплицирано, но зависно од епилогот некој ќе добие, некој ќе загуби на следните избори, вели Дулови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Артан Груби ги избришал Африм Гаши и Зијадин Села од листата на гласови?!
-
Колариќ: СДС ги излажа докторите, нема да им ги зголемат платите
-
Милошоски: Со истрајност и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија гласање на неуставниот Закон за јазици
-
Кузмановска: СДС ја задолжи Македонија за нови 76.3 милиони евра, 18,5 милиони евра повеќе од најавеното