| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Со истрајност и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможија гласање на неуставниот Закон за јазици

-Со истрајност, деноноќни дискусии и правни аргументи, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успејаа да го оневозможат гласањето за неуставниот Закон за јазици, кој спротивно на собранискиот Деловник со злоупотреба на Европското знаменце и без јавна дебата👎🏼, владата на Зоран Заев сакаше нетранспарентно да го протурка во Собранието како тесно-партиски предизборен договор за гласачко поткусурување и за покривање на владините економските неуспеси, рецесијата, големото задолжување, лагата за платата на лекарите, лагата за младинската гаранција од 10.000€, падот на индустриското производство, конфликтот на интереси на високи владини функционери и нивните тендери, како и неуспешноста на градоначалниците на Чаир, Куманово и Тетово!
• Сериозните прашања од национален интерес заслужуваат сериозна јавна дебата, демократска процедура и уважување на Уставот и на реалните потреби на сите граѓани на Македонија 🇲🇰, без разлика на нивната етничка, партиска припадност или социјален статус.
• Опозицијата е легитимен претставник на најголем дел од граѓаните и власта тоа не смее арогантно да го игнорира. Целта на ниту еден закон не треба да биде краткорочниот ефект на изборите, туку долгорочните придобивки за добробит на државата.
• Сега Граѓаните се на потег, да гласаат ✏️📜 за своите реални потреби, без да бидат манипулирани со предизборни партиски контроверзни закони кои носат поделба и стереотипи, наместо обединување и развој. Граѓаните на Македонија на 15-ти октомври ќе гласаат за својата општина и за нашата заедничка татковина! Да живее Македонија! 🇲🇰, пишува пратеникот Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top