Најдоцна за пет месеци треба да се обезбедат неопходните услови на фудбалската арена „Филип Втори“ за одржување на Суперкупот на УЕФА.
Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) потпиша договор со „ВИА Инженеринг“ од Вевчани за изведба на градежни, градежно-занаетчиски и инсталатерски работи на најголемиот спортски стадион во земјава. На тендерот се пријавиле шест фирми, а „ВИА Инженеринг“ ја доставила најниската понуда.
Според податоците од Бирото за јавни набавки, за адаптација на скопскиот стадион ќе треба да се издвојат речиси 130 милиони денари, односно околу 2,1 милиона евра.
Со претстојниот зафат треба да се исполнат просторните и техничките услови за одржување на Суперкупот на УЕФА во Скопје, кој е закажан за август 2017 година. Со проектот треба да се отстранат недостатоците во микс зоната, ВИП ложата, новинарската ложа, како и влезовите на источната и на западната трибина.
Проектната документација ја изготви бирото „Балкан Консалтинг“, за што веќе беа исплатени 57.000 евра од страна на АДСДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме