На натпреварот одигран на „Амстердам арена“ помеѓу Ајакс и Вилем 2 се случи историски момент, односно прво исклучување на фудбалер на основ на преглед на ТВ снимка. Прв фудбалер, кој е исклучен не директно од судијата, туку по сугестија на судија кој ги следи ТВ снимките, е Ануар Кали од Вилем 2.
Главниот судија на мечот Дани Макелиј на Кали му покажа жолт картон, но по само неколку секунди ја промени одлука и го исклучи играчот на Вилем 2. Човекот, кој ја донесе одлуката за исклучување е Пол ван Бокел, кој седи во затворена просторија и детално ги прегледува снимките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)