| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска премиера на „Соларис“ во МНТ на 26 септември

Соларис“ е втора соработка на Жолдак со МНТ, по премиерата на „Електра“ во 2014 година. Овој пат режисерот, кого го нарекуваат Мејерхолд на новото време, го поставува на сцена истоимениот филозофски и научнофантастичен роман на Станислав Лем

На големата сцена во МНТ на 26 септември,  ќе биде одиграна македонската премиера на претставата  „Соларис“ во режија и адаптација на светски познатиот Андриј Жолдак.

Светската премиера на „Соларис“ беше на  10, 11 и 12 јуни во Виена, а сега ќе биде во Скопје.

Преттставата „Соларис“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен МНТ и фестивалот „Винер фествохен“.

Соларис“ е втора соработка на Жолдак со МНТ по премиерата на „Електра“ во 2014 година. Овој пат режисерот, кого го нарекуваат Мејерхолд на новото време, го поставува на сцена истоимениот филозофски и научнофантастичен роман на Станислав Лем.

Книгата на полскиот писател го инспирирала и режисерот Тарковски, кој ја екранизираше во 1972 година, а филм „Соларис“ направи и Содерберг 30 години подоцна.

14433072_1262434853790273_3125848248289861619_n

Актерската екипа на „Соларис“ ја сочинуваат Дејан Лилиќ, Дарја Ризова, Александар Ѓорѓиоски, Славиша Каевски, Драгана Левенска, Александар Михајловски, Софиа Насевска –Трифуновска, Арна Шијак, Калина Трипкова, Дарио Ефтимовски и Христијан Денковски.

14448797_1262435087123583_192992785038907987_n

Сценографијата е на Жолдак и на Моника Пормале, костимограф е Даниел Жолдак, асистент на режија е Никола Кимовски, а музиката е на Владимир Кликов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top