| четврток, 6 декември 2018 |

На МОТ гостува еден од тројцата најдобрски европски режисери Томас Остермаер со „Галеб“

Еден од тројцата најдобри европски театарски режисери, Германецот Томас Остермаер  вечерва со претставата „Галеб“ на театарот „Види“ од Лозана, по текст на Антон Павлович Чехов, гостува на 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ). Претставата е во салонот на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот. Од МОТ утринава соопштија дека уште малку билети се останати за „Галеб“.

Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) пред почетокот на годинашниот МОТ изјави дека Остермаер  го ветија како гостин уште пред две години и сега се задоволни што македонската публика ќе може да ужива во претставата на еден од тројцата најдбори европски театарски режисери.

– Во претставата германскиот режисер почнува дијалог со Чехов за љубовта и театарот, по 20 век. Тој ги разоткрива предизвиците во секоја сцена, притоа одбегнува историска реконструкција со што излегува на виделина современата резонантност на ремек-делото од овој руски автор, соопшти МОТ.

Остермаер е добитник на голем дел од најзначајните театарски признанија и неговите претстави се неизоставен дел од најпрестижните светски фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top