Овој тинејџер има ретко генетско пореметување, а неговата мајка вели дека само сака тој да престане да расте. Брок Браун (19) веќе одамна го соборил рекордот со својата висина за возраст под 18 години, сега има неверојатни 2, 34 сантиметри и се уште расте.
Тој и официјално бил највисокиот тинејџер во светот пред да стане престар за категоријата под 18 години, а расте околу 15,2 сантиметри годишно. Ако продолжи со ова темпо, ова момче од Мичиген би можел да го надрасне моментално највисокиот човек во светот, Султан Косен кој е висок 2,49 сантиметри.
– Брок имаше 157 сантиметри кога тргна во градинка, а во основно училиште пак појде со 183 сантиметри. Ова е последица на генетското пореметување поради кое не можеме ништо да преземеме за тоа да престане, изјавил неговата мајка, Дарси.
Тој има Сотос синдром, познат како церебрален гигантизам, а докторите на неговата мјака и рекле дека може и да не ги преживее тинејџерските години. Сепак, сега тим на лекари тврди дека тој може да има нормален живот и покрај своите здравствени проблеми.
Брок има потешкотии со дишењето, шум на срцето како и деформација на рбетот. Роден е со еден бубрег, па заради тоа не може да зема апчиња против болки кои најмогу ги чувствува во грбот.
– Понекогаш се чувствувам како некој со тениски рекет да ме удрил по грбот. Правам се што можам за да се ослободам од болките, но секогаш ми се враќаат. Би било добро докторите да можат на некој начин да ми помогнат, изјавил Брок.
Тој со негвата мајка минале цели 1600 километри до Арканзас за да го посетат детскиот центар каде има експерт за Сотос синдромот. Тој иако не можел ништо да направи за да му помогне со болките, сепак имал добри вести за семејството.
– Тој е највисокиот човек кој некогаш сум го видел. За жал, до крајот на живот ќе мора да се бори со болката, но мислам дека ќе има нормален животен век, изјавил докторот.
За него исто мајката Дарси вели дека има големи трошоци. Облеката и чевлите за Брок ја чинат повеќе отколку за просечните деца, а мајакта се пожалила дека пар чорапи за него чинеле 18 долари. Исто така меѓу другите трошоци, за својот син таа морала да купи и специјален кревет кој ја чинел 1000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)