Украинските пратеници Александар Вилкул и Владимир Парасјук се истепале пред новинари по снимањето на телевизиската емисија „Вечерна програма“, во која тие не можеле да се согласат околу актуелната ситуација во земјата.
Веднаш по емисијата Парасјук го сочекал својот политички противник надвор од студиото и почнале да разменуваат тупаници, по што интервенирало и обезбедувањето на телевизијата.
Подоцна Парасјук се заканил и дека ќе го уништи автомобил на Вилкул. Тој го обвини својот противник дека е „шпион на Кремљ, кој ја донел војната во неговата земја“, Вилкул треба да биде ликвидиран, депортиран и од него да не остане ниту трага, се заканил Парасјук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)