Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на 71. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
За време на средбата, која се одржала во многу добра атмосфера, двајцата министри разговарале за ситуацијата во регионот и состојбата со спроведувањето на мерките за градење доверба, соопшти грчкото МНР.
Коѕиас и Попоски разговарале и за вториот состанок меѓу Грција, Албанија, Бугарија и Македонија, кој се очекува да се одржи во Солун во октомври, и на кој ќе учествуваат министри за надворешни и за внатрешни работи на четирите земји.
Првиот министерски состанок меѓу четирите земји се одржа во април годинава, исто така во Солун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.