Грчката опозициска партија Нова демократија, преку портпаролката и европратеничката, Мариа Спираки,
бара од владата да ја објави оставката на Коѕијас за „сите Грци да се информираат што точно се случило“.
-Господинот Ѕанакопулос ја карактеризираше оставката на господинот Коѕијас како несфатлива. Господинот Коѕијас од негова страна, вели дека има причини. Владата треба итно, сега, да го објави писмото со оставката
на господинот Коѕијас за сите Грци да се информираат што точно се случило – вели Спираки.
Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, доцна синоќа по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато, на новинарите им рече да побараат од Ципрас да ја објави неговата оставка која што е на 9 страници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни
-
Со офајдил ли некој и во Македонија од грчките тајни фондови?
-
Коѕијас со остри пораки од Луксембург: Скопје мора да го ратификува договорот за промена на името, инаку решение нема!
-
За Коѕиас Заев е Македонец само според географска област