| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Јанева не се чувствува добро, седницата одложена

Собраниската седница на која Катица Јанева одговара на пратенички прашања ќе продолжи утре во 13 часот.

Седницата иако требаше да трае до 23 часот, била прекината затоа што специјалната јавна обвинителка не се чувствувала добро.

janeva-sednica-640x320

Во моментот кога Јанева ја напуштила салата на говорницата бил пратеникот Крсто Мукоски кој побарал реплика.

Инаку, во текот на денот Катица Јанева одговараше на прашања поврзани со транспарентноста и објективноста на Специјалното обвинителство, при што дел од пратениците обвинија дека ова обвинителство не се однесува професионално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top