Ни Анџелина, ни Џенифер, ниту пак Гвинет не се вистинските љубови на Бред Пит. Според новинарските написи, но и според неговото сопствено признание, едниствена која му го освоила срцето е марихуаната.
Наводно марихуната со алкохол и со уште нешто му пресудила на бракот со Анџелина Џоли која го обвини дека не прави ништо по цел ден освен што „дува“.
Во интервју за „Еквајер“ Пит говори за тоа дека студирањето не му било успешно најмногу поради марихуаната.
Според пишувањето на магазинот, Пит во својата огромна куќа имал свое машко катче каде што се затворал со пријателите и виткал џоинт за да се опушти по напорниот ден. Тоа ја полудувало Џоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.