| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободена секс- робинка од ИСИС ќе мора на рехабилитација (видео)

Јазидскиот активист Абу Шужа Денаји, кој неколку години се занимава со ослободување на заробени Јазитки од рацете на терористите на ИСИС, ослободил уште една нивна жртва.

Џихадистите ја заробиле Ум Али уште во 2014. година, откако го заземале градот Синџар. Ја воделе насекаде со себе, дури и во борби. Покрај тоа што готвела и перела, им била и сексуална робинка.

Абу Шужа вели дека несреќната Ум Али е мајка на пет деца, од кои ослободени биле четири. Петтиот син и сопругот на оваа Јазитка биле заробеници на терористите во градот Деир Ел Зор.

Ум Али мора да посетува психолошка рехабилитација бидејќи последиците од злоставувањето низ кое минала се видливи на прв поглед.

Абу Шужа не сака медиумско внимание, бидејќи тоа што го прави е „чесно и достоинствено дело“ и скромно признава дека досега успеал да ослободи повеќе од 2.000 жени и девојки од јазидско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top