Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави цените за историскиот меч на У21 против селекцијата на Шкотска, како и за двата квалификациски натпревари за СП 2018 против Израел и Италија.
За мечот на младинците кои на 11 октомври ќе бркаат победа која може да ни донесе историски пласман на Европско првенство билетите ќе бидат по цена од 50 и 100 денари и ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (29 септември), додека блок-билети ќе се продаваат за мечевите против Израел (6 октомври) и Италија (9 октомври), по цена од 250 и 500 денари.
Од ФФМ напоменуваат дека блок-билетот ќе важи за двата квалификациски мечеви за СП 2018 и ќе мора да се чува неоштетен за да може да се пристапи на двата натпревари.
Билетите за А-селекцијата кои ќе бидат пуштени во продажба од 26 септември, како и билетите за младинската репрезентација ќе можат да се купат во продажната мрежа на МК Тикетс, на следните продажни места:
Скопје: Нептун Стадион, Нептун Сити Мол, Нептун до Mr. Bricoladge, Југотон ГТЦ 1 кат, Универзална Сала – Скопје, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако Гоги – Драчево, Тобако Дрводекор, Тобако 2 – Скопјанка, ФФМ пулт во Скопје Сити Мол
Низ Македонија: Салоните на Нептун во: Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип, Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)