| четврток, 6 декември 2018 |

Валакни детали од животот на Бред и Анџелина

Како изгледал животот на семејството Џоли и Пит? Според инсајдерскиот извештај на „Дејли мејл“, но и според зборовите на дадилката таму владеела анархија.

Шест деца, шест дадилки, готвач и приватни учители, братот на Анџелина Џејсм Хевн кој од време на време ги чувал децата и земал 10 отсто од приходите на сестра си. Куќата навистина била луда!

– Атмосферата во куќата наликуваше на онаа во филмот „Лет над кукавичкото гнездо“ – призна Пит во едно интервју. За неупатените, дејството во легендарниот филм со Џек Николсон е сместена во една психијатриска болница.

Куќата често зјаела празна, кога Анџелина ги носела децата во воени зони или во камповите за бегалци. Сметала дека тоа е добро за нивното воспитување, а Бред не говорел ништо по тоа прашање. Сите деца дома се школувале. Дури и Бред признавал дека дадилките имале полни раце работа со Медокс (15), Пакс (12), Захра (11), Шило (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8). Една поранешна дадилка признава дека најмногу проблеми имала до Медокс и со Пакс.

– Имаа многу тежок карактер. Посебно Медокс. Со свои очи гледав како пие вино и вози автомобил околу имото. А тогаш имаше само девет години! – раскажува дадилката.

Таа додава дека како родители тие изгубиле секаква контрола над децата. Тие во сред ноќ се бркале по ходниците, ги буделе родителите и влегувале во нивните кревети.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top