| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога во Сараево, пронајдена граната во „Скендерија“ (ВИДЕО)

Евакуиран е спортско-културно-деловниот центар „Скендерија“ во Сараево, затоа што е пронајден минофрлачки проектил на длабочина од 20 сантиметри, потврдува за порталот „Аваз“ Фахрудин Солак, директор на Федералната цивилна заштита.

Во текот на изведување градежни работи на платото на „Скендерија“ пронајден е минофрлачки проектил од 120 мм, па центарот бил веднаш евакуиран, а сообраќајот бил запрен во тој дел од градот и пренасочен. Експлозивната направа била пренесена на полигон за уништување.

Деминерите за „Аваз“ велат дека според положбата во која е пронајдена, гранатата дошла од правецот на Требевиќ.

По расчистувањето сообраќајот е нормализиран, а граѓаните полека се враќаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top