Веројатно и самите сте свесни каков автомобил би можеле да си купите со 21.000 долари или, пак, да прошетате дел од светот за тие пари. Но, некои луѓе се спремни овој износ на пари да го платат за само 14 часа лет. Меѓу нив е и познатиот јутјубер Кејси Нијстат, но на нему му се насмевнала среќата.
Всушност, чекајќи лет известен е дека е сместен во елитната прва класа, иако платил за бизнис класа. Не очекувајќи ништо спектакуларно, ја побарал цената на летот од Дубаи до Њујорк, но бил шокиран. Цената на овој лет изнесувала 21.000 американски долари или 1.174.219 денари.
Кејси Нијстат на располагање имал простор кој можел да се затвори со лизгачки врати, огромен телевизор, еден куп козметика, одлична храна, приватен мини-бар кој се отвора со допирот на прстот, но и седиште кое се претвора во супер-удобен кревет.
И не само тоа, тој поминал половина час во супер луксузно опремена бања, но да не должиме најдобро е самите да погледнете како тоа изгледало во видеото кое за три дена има повеќе од 11 милиони прегледи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)