| четврток, 6 декември 2018 |

Руска мис отишла во Дубаи за да ја продаде невиноста – мајката ја бара: Ана врати се дома

ana

Руската мис Ана Фешенко заминала во Дубаи за да ја продаде својата невиност за 12.000 евра, тврди нејзината мајка, која јавно ја повика да се врати дома.

Убавата Ана во јули била прва придружничка на изборот за мис на Москва. 17-годишната девојка неодамна заминала во престолнината на Обединетите Арапски Емирати, а на родителите им кажала дека добила наградно патување во Дубаи.

Меѓутоа пријателка на Ана им открила на родителите за што всушност станува збор, дека не се работи за никакво наградно патување туку дека нивната ќерка заминала во Дубаи со една ескорт агенција, која веќе договорила да ја продаде невиноста на Ана на богатите арапски клиенти.

Девојката која има само 17 години во Дубаи заминала со својата две години постара другарка Екатирина, која итно се вратила дома во Русија кога дознала за што всушност станува збор.

– Сакав да патувам поради тоа што Ана ми кажа дека патувањето е дел од наградата за Мис на Москва. Но, по само два дена се случи скандал, а јас ја дознав вистината зошто сме во Дубаи. И кажав на Ана дека не сакам да останам и дека сакам да се вратам дома, а таа ме замоли само да одам и да ја оставам на мир – изјави Екатерина.

Родителите на Екатерина кои долетале во Дубаи за да ја вратат својата ќерка дома, контактирале со мајката на Ана, која веднаш побарала помош од руската полиција. Екатерина инаку тврди дека Ана веќе не престојува во хотелот во кој биле тие кога пристигнале во Дубаи, туку дека е веќе преселена во стан со други девојки од источна Европа кои дошле да работат како ескорт дами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top