Ерик Ману, кој е крал на едно западноафриканско племе од Гана, работи како градинар во Канада за да собере пари за помош на неговото племе и да им обезбеди здравствена заштита, пишува „Индепендент“.
Ерик ја наследи круната откако неговиот чичко почина минатата година, па од Канада накратко се врати во родното село за да ја преземе власта и престолот. Но, кога увидел како живеат неговите поданици, Ерик одлучил да се врати на работа и да собере помош за најранливите припадници на племето.
Благородниот крал стана вистинска ѕвезда во Канада откако беше гостин во една радио емисија, па сега луѓето често на улица го прашуваат зошто работи како градинар кога веќе може да ужива во статусот кој има како крал..
Ерик вели дека е факт оти тоа што станал крал целосно го променило и дека е свесен за одговорноста што сега ја носи. Тој е целосно посветен на должноста, а гледајќи во каква состојба е неговото племе, кое брои околу шест илјади луѓе, решил да ја земе работата во свои раце и да заработи пари и собере за помош.
Ерик е горд што работи тешка работа за да им помогне на припадниците на неговото племе, а неговата поренешна шефица, Сузан Вотсон реши да основа фондација која собира финансиски средства за поданиците на нејзиниот поранешен градинар.
Вотсон многу е заинтересирана за неговата животна приказна, па го посети неговото родно село во чија болница има само една бабица и две медицински сестри, но не и лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)