| четврток, 6 декември 2018 |

Бред пуши марихуана зошто се ожени со е*ена лудачка!

Прв и последен пат зборувам за разводот на Бранџелина…на телевизија, вети Челси Хендлер во последното издание на нејзиното шоу. Четириесет и едногодишната комичарка и блиска пријателка на Џенифер Анистон добро ги одбра зборовите со кои ја искоментира разделата на познатата холивудска двојка.

– Се зборува дека дел од проблемите меѓу нив е и тоа што Бред пие и премногу пуши марихуана. Се прашувам зошто мора така да се самолекува. Можеби затоа што последните 12 години можеше да ги помине на езерото Комо релаксирајќи се со Џорџ Клуни и Мет Дејмон. Наместо тоа беше затворен во куќа со 85 деца и во која се зборуваат 15 различни јазици. О, да, и затоа што се ожени со е*ена лудачка – рече Челси.

Претходно, американските медиуми пренесоа дека и Бред Пит самиот признал дека ја сака, но „таа жена е сосема луда“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top