| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Победа над Елверум за добар старт на сезоната во ЛШ

metalurg-pres

Екипата на Металург викендов го игра првиот меч во Лигата на шампионите против норвешки Елверум, а стратегот Лино Червар предупредува дека тимот од Автокоманда нема да има лесна задача. Норвешкиот првак е стар познаник на македонскиот претставник затоа што лани се соочија во ракометната елита. Учинокот е идентичен – Металург победи во Скопје, додека Елверум триумфира во Скандинавија.

– В сабота стартуваме во ЛШ против Елверум, кој е доста познат противник. Првиот натпревар ни е многу важен. Имаме мал хендикеп, Обрадовиќ нема да игра бидејќи уште има проблми со мускулите. Исто и Дрогришки ќе паузира и на овој натпревар. Оптимист сум дека рехабилитацијата нема да трае подолго. Кузмановски нема проблеми со грбот, па ќе биде подготвен за настап. Елверум е екипа која се промени во однос на минатата година, но основата на тимот остана. Уште е тука голманот Мортен како и левото крило кој беше најефикасен минатата сезона. Имаат два корпулентни пивоти кои се борат доста силно во одбраната. Ќе мора да играме пошироко ако сакаме нешто да направиме. Во моментов се без пораз во домашното првенство и тоа само зборува дека е силна екипа кој мора многу да се анализира. Мора да го пронајдеме клучот за нивната одбрана и да ја спречиме брзата транзиција. Мора да имаме трпение, дупките во играта тие лесно ќе ги казнат – вели тренерот на Металург, Лино Червар, и ги повика навивачите и љубителите на ракометот да им дадат безрезервна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top