Новак Ѓоковиќ учествуваше во емисијата „Последен пат“ на веб-сајтот на ATP, каде што одговараше на прашања кои не се поврзани со спортот.
Откри дека играл хокеј, дека му се случило да испушти лет и дека не може да го победи Бекер во шах. Што друго сподели?
Кога последен пат си ја делел хотелската соба со друг тенисер?
Не се сеќавам за соба, но делев куќа со останатите српски тенисери за време на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.
Кога последен пат на некого си му побарал автограм или си посакал да се фотографираш?
Тоа беше неодамна, иако обично не сакам на некого да му го нарушувам приватниот простор. Мислам дека тоа беше со Жерард Батлер.
Кога последен пат си имал некоја драма за време на патување?
За среќа, немам многу, за разлика од некои членови на мојот тим. При крајот на претходната година пропуштив еден лет за Минхен или за Цирих, не сум сигурен.
Кога последен пат ја прекрши својата диета?
Уживам во сѐ што е дел од мојот начин на исхрана, така што немам причина да ја прекршувам диетата.
Кога последен пат си направил нешто за првпат?
Играв хокеј! Беше многу лесно да се движиме без лизгалки бидејќи не игравме на мраз и беше забавно. Пораснав на планина, доаѓам од семејство на скијачи, така што тоа ми беше мошно познато. Сепак, го држев стапот со една рака, а не со две.
Кога последен пат си се натпреварувал во нешто со Борис Бекер?
Мислам дека последен пат играв шах со него во Австралија, но никако да го победам во тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)