| четврток, 6 декември 2018 |

Нешто големо што ќе ја промени светска историја ќе ѝ се случи на Америка во октомври

sad

Непосредно пред претседателските  избори во Америка светот ќе го потресе „нешто шокантно“ и ќе ја промени и американската претседателска трка и историјата на светот во целост, тврди американскиот професор од Универзитетот „Пристон“, Џулијан Зилизер, а пренесува „Си-Ен-Ен“.

-Сите треба да се фатиме за седиштата. Тоа што ќе се случи, ќе биде шокантно и ќе предизвика национална бзбедносна криза – вели Зилизер.

Зилизер, кој е професор по историја на Пристон, пишува дека „поради многу причини големи се шансите да се случи нешто шокантно следниот месец“. Тој тврди дека следните неколку недели ќе се одвива вистинска „национална безбедносна криза“ и дека Хилари Клинтон и Доналд Трамп ќе мораат во целост да го променат пристапот во кампањите за да можат да одговорат на настанот, кој може да има „драматични последици“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top