| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната база на сиентолошката секта – Тука Том Круз ги казнува непослушните

Анонимен извор со помош на дрон снимил неколку видеа од сиентолошката „Златна база“ во Калифорнија која се простира на површина од два километри квадратни. Квалитетната снимка ја испратил до порталот „Андерграунд“ на Тони Ортега, кој ја прати сиентогијата уште од 1995 година.

Оваа база во Калифорнија претставува меѓународен управен центар на Црквата која внимателно се крие од очите на јавноста. Снимката ја анализирал Том Девохт, човек кој неколку години работел во базата. Тој за веб страната на Ортега раскажал дека најважно место во овој комплекс е таканаречената „Зграда 50“. Во неа се наоѓа Религиозниот технолошки центар и канцеларијата на лидерот Дејвид Мискевиџ.

99

Во близина на зградите има и посебна теретана која ја користат само Мискевиџ и Том Круз.

Друга значајна градба во комплексот е Бони Вју, која го добила името по стариот имот кој се наоѓал таму, пред црквата да го купи. Мискевиџ ја урнал старата куќа која се наоѓала таму, а на нејзино место изградил нова и поголема.

Девохт тврди дека на имотот се наоѓаат две згради со бели кровови во кои Мискевиџ и останатие лидери на сектата држеле 80 луѓе во затвор неколку години, а каде исто така ги затвораат и казнуваат членовите кои тие процениле дека се однесувале „непослушно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top