| четврток, 6 декември 2018 |

За крајот на бракот на Анџелина и Бред е виновна Селена Гомез?

bred

Правот околу веста за развод на Анџелина Џоли и Бред Пит сѐ уште не слегнува. Секој момент се појавуваат нови информации за крајот на нивниот брак, а најновата е дека за сѐ е виновна поранешната девојка на Џастин Бибер, Селена Гомез.

Како што пишува Радар Онлајн, Селена фрлила око на Бред уште за време на доделувањето на „Златните глобуси“. Селена(24) тогаш на Инстаграм се пофали со фотографија на наскоро бившиот сопруг на Анџелина, Бред.

bred-2

Имено, Анџелина, која е позната по својата љубомора, бурно реагирала на фотографијата  на која Селена и Бред седат еден покрај друг. Наводно Џоли се пожалила на своја пријателка дека Бред бесрамно флертувал со младата пејачка.

Селена, пак, подоцна се пофалила дека Пит со неа ќе сними уште еден филм, па во шега Бред го нарекла, свој иден сопруг.

Како што пишуваат медиумите, Анџелина му забранила на Бред повторно да работи со Селена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top