| четврток, 6 декември 2018 |

Катица Јанева фатена во нова лага – нема пријава за никакви закани

Измислици и манипулации со кои специјалната обвинителка треба да биде претставена како жртва, со што би требала да добие барем некакви симпатии од јавноста.

Вака експерти го толкуваат скандалозниот настап на Катица Јанева на македонската телевизија. Според нив, недолично и срамно за фелата е еден јавен обвинител, кој треба да работи исклучиво согласно закон, да се расфрла со излитени политички флоскули напишани во некој центар. Исто така, нејасно е зошто новинарката не покажа интерес и не ја праша Јанева кој ѝ заканувал.

Курир се обиде да добие одговор од СЈО кој ѝ се заканувал на Катица Јанева или на некој од членовите на нејзиниот тим, но од СЈО нема одговор. Од Министерството за внатрешни работи, пак, велат немаат информација дека Катица Јанева пријавила некакви закани, односно дека таков случај не е пријавен, ниту се преземаат мерки против некое лице.

Од СЈО се очекува објаснување во врска со изречените наводи од страна на Катица Јанева. Специјалната обвинителка е функционер и ѝ должи одговори или извинувања на јавноста.

– Би било нескромно и несериозно ако кажам дека нема притисоци и суптилни закани – изјави Јанева во скандалозното интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top