| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство Димитровски: Окупација на Вардар во три чина

Интервју со фудбалското семејство Димитровски, објавено во 31-от број на неделникот „Република“ (5 април 2013)

Dimitrovski-Vardar-1-trojca-fudbaleri

Тие се трич­лен фуд­бал­ски тим, со­ста­вен од та­тко­то Вла­тко и од двај­ца­та си­но­ви, Бо­жи­дар и Вла­ди­мир, си­те со на­ста­пи за нај­тро­феј­ни­от наш клуб, се раз­би­ра во раз­лич­ни вре­мен­ски пер­и­о­ди. Единс­твен та­ков при­мер во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ски­от фуд­бал. Им па­ри­ра­ат трој­ца­та бра­ќа Мој­со­ви, Или­ја, Со­крат и Ла­зе, кои, исто та­ка, има­ат игра­но за Вар­дар.

 

Се­мејс­тво­то Ди­ми­тров­ски не­ка­ко суд­бин­ски е по­вр­за­но со фуд­бал­ски­от клуб Вар­дар, а та­тко­то Вла­тко и си­но­ви­те Вла­ди­мир и Бо­жи­дар не­из­мер­но ги са­ка­ат „цр­ве­но-цр­ни­те“ бои. Си­те трој­ца има­ат на­ста­пи за нај­тро­феј­ни­от ма­ке­дон­ски спорт­ски ко­ле­ктив, а оди­се­ја­та на­ре­че­на Вар­дар ја поч­на та­тко­то Вла­тко.

– Од 1968 го­ди­на до­се­га, иа­ко одам­на не сум акти­вен, јас сум дел од Вар­дар. Ги по­ми­нав си­те ка­те­го­рии во шко­ла­та на клу­бот, играв и ка­ко се­ни­ор, око­лу 450 нат­пре­ва­ри во цр­ве­но-цр­ни­от дрес, а и се­га сум при­су­тен. Се ин­те­ре­си­рам што се слу­чу­ва со мо­ја­та фуд­бал­ска љу­бов. И по­ра­ди Вла­ди­мир, кој по­втор­но на­ста­пу­ва за Вар­дар, одам на ста­ди­он. Се на­де­вам де­ка на­ско­ро со Бо­жи­дар, пак ќе би­дат за­ед­но во клу­бот. Че­сто на ше­га, Ѓо­ре Јо­ва­нов­ски, со ко­го сум израс­нат и играв во Вар­дар, ве­ли де­ка се­меј­но го оку­пи­рав­ме клу­бот – ве­ли Вла­тко Ди­ми­тров­ски.

По­во­зрас­ни­те го па­ме­тат ле­ви­от бек на не­ко­гаш­но­то ре­пуб­лич­ко ми­ле­ни­че Вар­дар. Тој е дел од ге­не­ра­ци­ја­та што ус­пеа да се из­бо­ри за влез во то­гаш­на­та Пр­ва ју­гос­ло­вен­ска ли­га во 1980 го­ди­на, за по­тоа Вар­дар да би­де по­сто­јан член на ели­та­та.

– Играв и на исто­ри­ски­от меч со Треп­ча, ко­га со го­лот на Ми­цев­ски од пе­нал, по­бе­див­ме и вле­гов­ме во Пр­ва­та ли­га. Тоа беа пре­крас­ни мо­мен­ти за Вар­дар. Ни­ко­гаш ве­ќе не ис­пад­нав­ме од сил­на­та со­јуз­на ли­га. Ста­ри­от ста­ди­он бе­ше по­сто­ја­но полн и по­лес­но бе­ше да се игра пред 20-25.000 гле­да­чи, што бе­ше че­ста гле­тка. Ги па­ме­там и по­бе­ди­те над Пар­ти­зан, на два­па­ти со по 5-0, по­тоа над Хај­дук со 3-1, а ре­дов­но ги по­бе­ду­вав­ме и дру­ги­те ти­мо­ви. Скоп­је бе­ше до­ма­шен ба­сти­он, ка­де што ре­тко гу­бев­ме – се при­се­ту­ва Вла­тко на ста­ри­те до­бри вре­ми­ња.

Dimitrovski-Vardar-3-vladimir-dimitrovski-33

Уни­кат­на при­каз­на на ма­ке­дон­ски­те про­сто­ри

Тој го има глав­ни­от збор, на сред­ба­та со фуд­бал­ско­то се­мејс­тво Ди­ми­тров­ски, во нив­но­то ка­фу­ле во цен­та­рот на Скоп­је.

– Пом­ла­ди се и мо­ра да ги слу­ша­ат со­ве­ти­те за да на­у­чат. Без ме­не ни­што не би­ду­ва – на ше­га ве­ли нај­ста­ри­от од три­о­то Ди­ми­тров­ски. Тие се единс­твен ва­ков слу­чај кај нас. Трич­лен фуд­бал­ски тим, со­ста­вен од та­тко и од двај­ца си­но­ви. Им па­ри­ра­ат трој­ца­та бра­ќа Мој­со­ви, Или­ја, Со­крат и Ла­зе, кои, исто­та­ка, има­ат игра­но за Вар­дар.

Вла­тко има уште два си­на, од кои и Дар­ко е „за­ра­зен“ со фуд­ба­лот, ка­ко дел од ле­кар­ски­от тим на ФК Ме­та­лург. Са­мо Игор е „над­вор“ од нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот, тој се ре­шил за ад­во­ка­ту­ра­та. Нај­ма­ли­от е Вла­ди­мир, со 24 го­ди­ни, а игра на по­зи­ци­ја­та сто­пер, не ре­тко и лев бек, ка­ко та­тко му Вла­тко. Ин­те­рес­но, са­мо тој од трој­ца­та фуд­ба­ле­ри од се­мејс­тво­то Ди­ми­тров­ски има игра­но над­вор од Ма­ке­до­ни­ја.

– Јас за мал­ку во­оп­што не­ма­ше да би­дам фуд­ба­лер. Во дет­ство­то мно­гу по­ве­ќе ме ин­те­ре­си­ра­ше ко­шар­ка­та. Слу­чај­но, за да му пра­вам друш­тво на Бо­шко и јас за­ми­нав со не­го на тре­нинг на Вар­дар и от­то­гаш се сме­ни­ја ра­бо­ти­те. Ка­ко де­ца про­дол­жив­ме и во Вар­дар, но и во ма­а­ло да игра­ме мал фуд­бал. Има­ло и ка­ра­ни­ци ме­ѓу нас, но во це­ли­на од­лич­но се раз­би­ра­ме и се на­до­пол­ну­ва­ме. За­ед­но играв­ме и за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, во ка­те­го­ри­и­те до 15, 17 и до 19 го­ди­ни. Цр­ве­но-цр­на­та бо­ја е наш за­шти­тен знак, на си­те трој­ца, а по­крај Вар­дар, на­ви­ва­ме и за Ми­лан – ве­ли Вла­ди­мир, или Да­ди, ка­ко што го зна­ат во фуд­бал­ски­те кру­го­ви.

 

Бе­дем од од­бран­бе­ни игра­чи

Тој, уште во мла­дин­ски­те ка­те­го­рии, го свр­те вни­ма­ни­е­то на го­ле­ми­те клу­бо­ви. Хо­ланд­ски­от ги­гант ПСВ Ајнд­хо­вен му бе­ше пр­ва­та де­сти­на­ци­ја во странс­тво. От­та­му, ка­ко играч на за­ем за­ми­на во бел­ги­ски Ве­стер­ло, па на­зад во Вар­дар. Сле­ду­ва­ше но­ва фуд­бал­ска пе­чал­ба, во хр­ват­ски­от клуб Се­све­те, по­тоа игра­ше за скоп­ски Ме­та­лург и пак за­ми­на во странс­тво, во ре­до­ви­те на че­шки­от пр­во­ли­гаш Мла­да Бо­лес­лав. По­ра­ди проб­ле­ми со ви­за­та се вра­ти во Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко игра­ше од­лич­но и стан­дард­но за че­шки­от пр­во­ли­гаш. Ра­бот­нич­ки вед­наш му по­ну­ди да игра за нив, а од зи­ма­та по­втор­но е во Вар­дар.

Од­бра­на­та на три­лин­гот му­ске­та­ри ја комп­ле­ти­ра Бо­жи­дар, кој е по­стар 18 ме­се­ци од Вла­ди­мир. Кру­ша­та, под кру­ша па­ѓа, па и тој игра во од­бра­на­та, но на спро­тив­на­та дес­на стра­на. Мо­мент­но е член на вто­ро­ли­га­шот Скоп­је, а, се раз­би­ра, по­са­ку­ва вра­ќа­ње во Вар­дар.

– Не сме игра­ле за­ед­но со Да­ди во Вар­дар. Та­ка се по­го­ди. Са­мо во мла­дин­ски­те ре­пре­зен­та­ции има­ме шест ме­ча, ка­ко тан­дем. Се­ка­ко де­ка би са­кал да на­ста­пу­ва­ме во ист дрес со не­го, во цр­ве­но-цр­на бо­ја. Се на­до­пол­ну­ва­ме, а во исти­от мо­мент знам што са­ка да на­пра­ви. Играв­ме про­тив Ср­би­ја, во ква­ли­фи­ка­ции во мла­дин­ски­те ка­те­го­рии и гле­дам де­ка ќе на­пра­ви пе­нал. Пред да стар­ту­ва са­мо му под­вик­нав „Не, не­мој“, но бе­ше пре­доц­на. Бра­ќа сме, по­лес­но се раз­би­ра­ме на те­ре­нот, иа­ко зна­е­ме и да се ска­ра­ме. Тоа е нор­мал­но, осо­бе­но во ди­на­мич­на игра ка­ква што е фуд­бал­ска­та – ве­ли Бо­жи­дар.

Dimitrovski-Vardar-2-Vlatko-Dimitrovsk

Пол­на ку­ќа фуд­бал

Трој­ца цвр­сти мом­ци во од­бра­на­та, кои из­не­на­ди­ја со од­го­во­рот, де­ка ви­стин­ски­от столб во се­мејс­тво­то, всуш­ност, е Ма­ри­ја, со­пру­га­та на Вла­тко и мај­ка на Да­ди и на Бо­шко. Ту­ка се и Дар­ко и Игор, плус две­те ку­чи­ња Болт и Чом­ба.

– Ку­ќа­та е пол­на се­ко­гаш, а без Ма­ри­ја не пра­ви­ме ни­што. Таа е стол­бот на се­мејс­тво­то, иа­ко не ја ин­те­ре­си­ра прем­но­гу фуд­ба­лот. Не гле­да со нас, а ко­га сле­ди­ме фуд­бал­ски нат­пре­ва­ри на те­ле­ви­зи­ја, ни па­ри­ра со му­зи­ка. Се ше­гу­ва­ме до­ма де­ка не мо­же да из­бег­не пер­е­ње дре­со­ви од 1968 го­ди­на. Ка­ко и се­ко­ја мај­ка, најм­но­гу стра­ву­ва да не се по­вре­дат Да­ди и Бо­шко – ве­ли Вла­тко и вед­наш ја рас­ка­жу­ва анег­до­та­та со Ва­се Рин­гов. Ле­ген­дар­но­то ле­во кри­ло на Вар­дар му е кум и ци­мер од па­ту­ва­ња­та со клу­бот, а играа на иста­та, ле­ва стра­на, но Вла­тко во од­бра­на­та, а Ва­се во на­па­дот.

– Му ве­лам во ед­на при­го­да. Ку­ме, те не­ма одам­на да дој­деш на го­сти. Се свр­ти, се нас­меа и ми воз­вра­ти. Ска­по е ку­ме. Мно­гу де­ца, тро­шок е, тре­ба че­ти­ри чо­ко­ла­ди да се ку­пат – низ смеа рас­ка­жу­ва Вла­тко.

Не са­ка да ко­мен­ти­ра кој е по­до­бар фуд­ба­лер од двај­ца­та си­но­ви, а, нор­мал­но, ре­а­ги­ра за­штит­нич­ки, ка­ко се­кој та­тко.

– За ме­не се ед­на­кви, ка­ко два пр­ста на ра­ка. Не­ма по­ва­жен и по­до­бар. Да­ди бе­ше Џор­дан за ко­шар­ка, игра­ше пре­крас­но и мис­лев­ме де­ка не­ма да би­де фуд­ба­лер. Бо­шко прв поч­на да се дру­жи со бу­ба­ма­ра­та. И, се­ка­ко, кр­вта не е во­да. Не­ка­ко нор­мал­но бе­ше тие двај­ца ка­ко нај­ма­ли да игра­ат фуд­бал, ко­га ве­ќе Дар­ко и Игор се ре­ши­ја за по­и­на­кви про­фе­сии. Мно­гу се при­вр­за­ни еден кон друг. Ко­га Да­ди прв­пат за­ми­на во странс­тво, се чув­ству­ва­ше не­мир кај Бо­шко. И тој са­ка­ше да оди, да би­де со брат му – ве­ли Вла­тко.

Во са­бо­та ти­ту­ла со мла­дин­ци­те, в не­де­ла про­тив Бје­ко­виќ и Пар­ти­зан

Dimitrovski-Vardar-4-bole9За Бо­шко има вре­ме и тој да ја про­дол­жи ка­ри­е­ра­та во странс­тво, а про­тив Вла­тко беа то­гаш­ни­те за­ко­ни во Ју­гос­ла­ви­ја.

– То­гаш има­ше пра­ви­ло, да не смее да се за­ми­не во странс­тво пред 28 го­ди­ни. Имав по­ну­да од Ирак­лис, но не ми доз­во­ли­ја да за­ми­нам. Преч­ка беа два ме­се­ца би­деј­ќи имав не­пол­ни 28 го­ди­ни. Не са­каа да ми прог­ле­да­ат низ пр­сти. За од­бран­бе­ни игра­чи бе­ше по­те­шко да се на­пра­ви транс­фер. Се ба­раа са­мо офан­зив­ци. Не се жа­лам би­деј­ќи оди­грав 450 нат­пре­ва­ри за Вар­дар, од нив 260 пр­венс­тве­ни. Тоа ме ран­ги­ра во топ 20 на веч­на­та ли­ста вар­да­ро­ви игра­чи, со најм­но­гу ме­че­ви. Единс­тве­но што би сме­нил, од се­гаш­на перс­пе­кти­ва, е по­зи­ци­ја­та на те­ре­нот. При­нуд­но ста­нав лев бек, иа­ко при­род­но ме­сто ми бе­ше сто­пер. Про­тив Рад­нич­ки во Пи­рот не­ма­ше кој да игра лев бек, па Стје­пан Бо­бек ре­ши јас да играм. Бев ме­ѓу нај­до­бри­те на те­ре­нот, а утре­ден­та ми се ја­ви Штеф и ми ве­ли ‘Ма­ли, ти си откро­ве­ние на се­зо­на­та, ка­ко лев бек’. Мо­рав да про­дол­жам, иа­ко по­ве­ќе са­кав да би­дам сто­пер – ги вра­ќа спо­ме­ни­те Вла­тко.

Тој еден од ре­тки­те фуд­ба­ле­ри што за два де­на во 1975 го­ди­на, играл и за мла­дин­ци­те и за се­ни­о­ри­те на Вар­дар. Во са­бо­та, про­тив Са­ра­е­во, со по­бе­да од 2-0 ја прос­ла­ви ти­ту­ла­та шам­пи­он на Ју­гос­ла­ви­ја во мла­дин­ска ка­те­го­ри­ја, а след­ни­от ден го чу­ва­ше опас­ни­от цен­тар­фор на Пар­ти­зан, Не­над Бје­ко­виќ, во меч за се­ни­о­ри­те на Вар­дар. И ту­ка на­ста­пот бе­ше ус­пе­шен, Вла­тко го до­би ди­рект­ни­от ду­ел, а „цр­ве­но-цр­ни­те“ осво­и­ја еден бод, со ре­ми, 1-1.

Фуд­бал­ска­та при­каз­на на се­мејс­тво­то Ди­ми­тров­ски ја про­дол­жу­ва­ат си­но­ви­те Вла­ди­мир и Бо­жи­дар, а со­нот е по­втор­но да игра­ат за­ед­но, ка­ко тан­дем сто­пе­ри во „цр­ве­но-цр­ни­от“ дрес.

Разговараше: Зо­ран По­пов­ски
Фото: Александар Иванов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top