Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски одлично ја започна новата сезона во Серија А лигата во Италија откако летово се пресели во редовите на Палермо од хрватскиот Интер Запрешиќ.
Тој во минатото коло го постигна првенецот за тимот од Сицилија и беше најзаслужен за освоениот бод на гостувањето кај Кротоне, а вечерва со единствениот гол на мечот во Бергамо против Аталанта им донесе на своите соиграчи три бода.
Несторовски одлично се отвори во казнетиот простор по еден уфрлен корнер на првата статива и со одмерен удар ја смести топката во мрежата на домаќините во самата завршница од мечот.
Следниот меч Палермо го на домашен терен го пречекува шампионот Јувентус и со ваква игра може да ги изненади фаворитот и да се искачи на место погоре на табелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)